Концертот во Куманово

На 07 септември 2014 година на Градскиот плоштад Куманово се одржи Голем рок спектакл на победниците на Rock’n Pop the Borders.

На настанот земаа учество бендови од Бугарија и Македонија: Enkhaosment и Chainsaw Babies од Бугарија, TV Rage, Vizija, Polemique и Problem Solved од Македонија. Гости на вечерта беа: Рок Балет Денс студио МАК и ” македонската рок легенда”  - Симеон Иванов Канго. Водител на настанот беше Марко Новески.

Пријатели од телевизија “Златен канал” направија репортажа, на која се гледа атмосферата од настанот. 

Rock’n Pop the Borders е заеднички проект на здруженијата „Регионален центар за одржлив развој“ Кратово и „Партнери – Дупница” од Дупница, Бугарија. Проектот финасиски е поддржан од Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Македонија.

Концертот на победници следува по спроведениот натпревар кој започна на  12 мај 2014 година со онлајн натпревар на младите Рок и Поп музичари од Македонија и Бугарија за избор на најдобра авторска композиција. Подготви се документарен филм, кој ќе биде објавен овде. 

На натпреварот зедоа учество вкупно 25 бенда од Македонија и Бугарија на возраст од 13 – 25 години.